Шпанскиот легендарен фудбалски голман Икер Касилјас во текот на кариерата играше со многу квалитетни фудбалери, но и против најголемите во историјата, фудбалски имиња од калибарот на Роналдо, Меси, Зидан, Роналдињо…
Сепак, по извонредната асистенција на шведскиот ас, Златан Ибрахимовиќ на мечот на „викинзите“ против Грузија, Шпанецот ги реши своите дилеми кој е најдобриот.
Ибра феноменално асистираше до својот соиграч, па голманот на Твитер напиша „GOAT”.
🐐 G.O.A.T @Ibra_official ⬆️
— Iker Casillas (@IkerCasillas) March 25, 2021
Текстот За Икер Касилјас има само еден G.O.A.T – Златан Ибрахимовиќ! е превземен од МАКФАКС.