Во недела пристигнуваат 24.000 вакцини „АстраЗенека“ преку Ковакс системот

Конечно познат датумот на пристигнување на првата пратка вакцини „Астра Зенека“ преку ковакс механизмот. Вчера на својот фејсбук профил Министерот за здравство Венко Филипче, напиша дека на 28 март ќе пристигнат 24 илјади дози од оваа вакцина.

„Оваа недела на 28 март во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на Астра Зенека преку Ковакс системот„ стоеше на неговиот фејзбук профил.

Оваа информација утринава од Делчево ја потврди и премиерот Зоран Заев, кој истакна дека информацијата се знаела уште пред неколку дена, но вчера била потврдена и Министерот за здравство Филипче ја објави.

Заев апелираше до сите да се почитуваат мерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател, да не се олабавиме. И покрај почеток на вакцинацијата треба уште долг период да се носат заштитни маски. Заев исто почоси дека нашата држава со фактот дека последна од земјите во регионот почнува со масовна имунизација, ја имаше можноста да ги согледа сите предности и негативности од вакцините, и тој очекува вакцината масовно да се прифати од населението. Инаку, поголем дел од нашите граѓани, кои изразија заинтересираност за вакцинација во соседството добија покана да се вакцинираат во Белград.

Лаура Стојанова М-Нет