
Во текот на вчерашниот ден (24.03.2021), СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 82 мерки, меѓу кои 15 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 12 без возачка дозвола, 2 за нерегистрирани возила, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 10 за некористење сигурносен појас, 9 за непрописно паркирање, 5 недавање првенство на минување и 28 прекршоци што ги чинат пешаците. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбдноста во сообраќајот.