Штипјанец уапсен на аеродромот во Скопје

На 24.03.2021 во 15.30 часот на „Меѓународен аеродром Скопје“ од страна на полициски службеници е лишен од слобода Н.С.(30) од Штип, затоа што при проверка било констатирано дека е евидентиран во службената евиденција со мерка „апси“, издадена од Сектор за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Скопје за спроведување до Казнено-поправната установа Затвор -Струмица.