Само два слободни кревети на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип

Состојбата со Коивд 19, на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип, идентична како и вчера. Слободни се само два кревети, а над 60 пацинети се хоспитализирани. Од Клиничка болница Штип информираа дека починати се и два пациенти еден од Штип и еден од село Истибање. Алармантноста не престанува. Ситуацијата повикува на почитување на мерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател. Но, полните болнички кревети зборуваат за фактот дека овие мерки и не се почитуваат максимално. Не дава резултати ниту полицискиот час од 22 до 5 часот. Се враќа ли државата во ситуацијата од пред 2 месеци, кога не зафати вториот ковид бран. И покрај големиот број апели на чекор сме до нов ковид прв прв за оваа година. Расте бројот на нов заразени, бројот на смртни случаи. Но, препораките остануваат исти. Носете заштитна маска, одржувајте соодветна дистанца и користет средство за дезинфекција, за доброто на сите.

Лаура Стојанова М-Нет