Заглавените мерки за помош во Собрание резултираат со губење на работни места

Петтиот пакет антикризни мерки заглавен во Собрание, УЈП веќе започна со делење опомени на фирмите за неисплата на плата, а работодавачите спас гледаат во намалувањето на бројот на вработени. Но, тоа не е најдоброто и единствено решение. Во Истокот, особено во Штип најпогодени се текстилните компании. Поголемиот број од нив ги задржаа вработените на своите работни места, но тешко оде со испалата на плати.

Но, и покрај антикризните мерки и помошта од државата, текстилните компании ја губат потребата од голем број работници бидејќи пред се слабо се одвива продажбата и извос на готови продукти.

„Пред нас сега е меѓусезона, а секоја година се намалува бројот на налози, во оваа ситуација ова е уште по драстично. Најавите се дека наредната сезона ќе почне уште покасно, значи таа дупка ќе биде уште поголема, така да фирмите нема да можат да го издржат тој период“ – истакна Нашков.

Целосото затворање на Германија, се одрази со огромни последици и во нашата држава. Претседателот на организацијата на работодавачи на Македонија, Димитров, истакна дека и да се врати Греманија во нормала нам ни се потребни најмалку шест месеци за да се отпочне повторно со производство. За тој временски период многу работници ќе останат без работа. Затоа итна е потребата за реализирање на петтиот пакет мерки.

Отпуштањата од работа во текстилите компании се неизбежи, залагањата се бараме нивниот број да е што помал.

Лаура Стојанова М-Нет