Со порази на екипите на Мал Ајакс и на Астибо се заокружи 16 Футсал коло

Македонските Футсал екипи во изминатиот викенд ги комплетираа натпреварите од редовното 16 коло. Меѓу последните беа мечевите на штипските екипи Мал Ајакс и на Астибо кои за жал ги загубија овие натпревари. Мал Ајакс во Штип загуби од тимот на Црна Река од Кавадарци а Астибо во Скопје беше немоќен против фаворитот Арбен Бајрами. Еве ги комплетните резултати од ова 16 коло:

  1. Кратово – Велес 1:13
  2. Карадаку – Проект Цико 3:4
  3. Железарец – Јувентус Серава 4:2
  4. Шкупи – Кеги Моби 9:3
  5. Мал Ајакс – Црна Река 3:5
  6. Арбен Бајрами – Астибо 12:2

Тимот на Проект Цико е прв на табелата со 44 бодови пред Арбен Бајрами кој има 43 бодови. Екипата на Астибо е на 10 место со 8 бодови а Мал Ајакс е последен на 12 место со 2 освоени бодови. Во следното 17 коло во Штип ќе се одигра локалното дерби помеѓу екипите на Астибо и Мал Ајакс.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk