Традиционалните „Тодорови трки“ во Виница втора година по ред не се одржуваат заради ковид пандемијата

И годинава заради ковид пандемијата не се одржуваат традиционалните „Тодорови трки“ во Виница. Со цел спречување на ширење на ковид заразата, по 50 – 60 години, овие две години по ред овие трки не се одржуваат.

Надежите за одржување на настан наместо сега одложените „Тодорови трки“ е за летиот период, доколку дојде до подубрување на ситуацијата со ковид 19.

Градоначалиникот на Виница Димитров, им упати и апел на граѓаните да се чуваат од невидливиот непријател, да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од Коивд 19, бидејќи само така може состојбата да се стабилизира и догодина да се одржат овие трандиционални „Тодорови трки“.

Лаура Стојанова М-Нет