Среќна фудбалска „Тодорова сабота“за штипјани во Виница

Попладнево се одигра првиот натпревар од редовното 20 коло на Втората Македонска фудбалска лига – Исток. Во Виница екипата на Брегалница од Штип извојува тешка, но значајна победа против домашниот тим на Слога изразена со резултат 1:2 ( 0:2). Стрелци на головите за Брегалница беа Владимир Дујовски кој донесе водство на штипјани од 0:1 во 26 минута. На 0:2 водство на Брегалница резултатот го зголеми Дарко Додев со гол што го постигна во 38 минута. Со овој резултат се отиде на одмор. Во второто полувреме Брегалница долго го одржуваше овој резултат иако играчите на Слога во некои периоди имаа теренска иницијатива, но резултатот се одржуваше. Во самиот финиш на натпреварот Слога успеа да постигне гол за намалување на резултатот на 1:2 и за враќање на неизвесноста со гол што по голема мешаница го постигна Антонио Бујчевски во 85 минута. Слога до крајот се обидуваше да израмни силно навали, но играчите на Брегалница пред се во одбраната одолеа на нападите и ја задржаа предноста што на крајот значеше и значајна победа од 1:2. Брегалница останува на врвот сега со 10 бодови предност пред утрешните натпревари во кои тимот на главниот конкурент Тиквеш кој ќе гостува во Могила на екипата на Победа од Прилеп. Спортската редакција на Мнет ТВ на својата програма како и на својот спортски Мнет канал ќе врши директен пренос од Кочани од натпреварот Осогово – Каменица Саса со почеток во 15.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk