Македонските млади борачи од Маврово ќе атакуваат на „Петре Сираков“ и на ЕП до 23 години

Четворица млади борачи во состав на македонската селекција тренираат и се подготвуваат во прекрасниот амбиент на Маврово а во пресрет на претстојните тешки искушенија. Под раководство на тренерите Бобан Данов, Горан Атанасов, Седат Бавтијар и Идрис Куртиши во Маврово помеѓу останатите се подготвуваат и борачите на Балканец, Стефан Штериов, Серхан Шаќиров, Фадил Назифов и Тоше Горгиев.

Македонската млада репрезентација следната недела ќе настапи на силниот традиционален боречки турнир Петко Сираков кој што ќе се одржи во приморскиот град Бургас а подоцна ќе настапат и на Европското првенство за млади до 23 години. Според информациите од тренерот Бобан Данов, подготовките течат извонредно, борачите се квалитетно подготвени и спремни да го искажат сиот свој таланет на овие мошне силни и атрактивни турнири.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk