
Корона пандемијата во изолација остави 24 ученици од трето одделение од Основното училиште „Димитар Влахов“ во Општина Штип, како и две групи на дечиња кои одат во градинката „Вера Циривири Трена“ во Штип.
Директорот на Основното училиште „Димитар Влахов“ Штип, Миле во телефонски разговор за М-Нет телевизија, истакна дека симптомите кај наставничката се појавиле викендов и откако тестот излегол позитивен 24 ученици од трето одделение се во излоација, но тие ќе следат он лајн настава. Останатите ученици од прво до трето одделение регуалрно ќе посетуваат настава во две смени, а останатите ученици остануваат на далечинско учење односно он лајн настава.
Слична е ситуацијата во градинката „Вера Циривири Трена“, и директорката Атанасова истакна дека две групи од 13 и 15 дечиња се во изолација, а позитивни на ковид 19 се 2 воспитувачки и 1 негователка. Останатите 6 групи дечиња и 2 групи јазли редовно ќе си посетуваат градинка со почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид 19.
Инаку, моменталната состојба со ковид 19 заразени дечиња во училиштата и градинките во Штип сеуште е стабилна, и нема поголем број на заразени деца.
Лаура Стојанова М-Нет