
Во претстојниот викенд ќе има мала „прекоманда“ на фудбалските збиднувања во Македонија а во пресрет на репрезентативните квалификациски возбудувања. Натпреварите од Првата Македонска фудбалска лига наместо во недела ќе се одиграат во сабота а во недела на програмата ќе бидат второлигашките средби. Еден натпревар ќе се одигра во сабота и тоа второлигашкиот меч во Виница, натпревар во кој ќе се сретнат Слога и лидерот на табелата, Брегалница од Штип. Домашните играчи во оваа сезона изненадија со своите добри игри кои беа крунисани со освоениот бод од Каварадци играјќи 0:0 со тимот на Тиквеш. Од друга страна пак Брегалница на хартија е голем фаворит, но според прикажаните игри на „градски“ против Победа едвај преживеа извојувајќи победа од 2:1 а мината сабота Каменица Саса освои голем бод а имаше и статива па да за малку заминат и со три бода под Штип. Како и да е топката е тркалеста и се е можно. Останатите 4 средби на второлигашкиот исток ќе се одиграат во недела 21 март. Со цел да го доближиме фудбалскиот андреналин на големиот број спортски приврзаници, спортската редакција на Мнет телевизија ќе врши два директни преноси. Најпрвин во сабота на 20 март камерите на Мнет ТВ во соработка со ФФМ ќе го пренесуваат директно натпреварот од Виница, Слога – Брегалница со почеток во 15.00 часот. Утредента, односно во недела 21 март во истиот термин Мнет телевизија ќе врши директен пренос од стадионот Никола Мантов од Кочани од натпреварот Осогово – Каменица Саса со што ќе го заокружиме ова 20 второлигашко коло на радост и на задоволство на армијата фудбалски навивачи кои во услови на пандемија ќе бидат отсутни од трибините.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk