Жителите од населба „Трајаново трло“ Кочани, се уште загрижени за нивната безбедност

Една недела по протестот кој беше организиран од жителите на населба „Трајаново трло“ во Кочани, граѓаните се уште незадоволни од преземаните чекори. И покрај ветувањата од страна на надлежните дека позитивно ќе се одговори на нивното единствено барање односно да се зголеми бројот на полициски контроли овде, сеуште нема ништо видно преземано. Само кражбите стануваат се поголеми. И не само овде туку се прошириле и во уште две населби во Кочани, во населба „Усова чешма“ и во „Сиви дом“.

Градоначалникот на Општина Кочани, Илијев беше присутен на протестот и во целост го подржуваше истиот. Во телефонски разговор на М-Нет телевизија тој истакна дека се работи  на случајот, и дека се во контакт со ОВР Кочани и СВР Штип, за зголемување на полициската контрола. Од СВР Штип пак информираат дека полициската контрола е зголемена, но и дека уште повеќе ќе се актуелизира со цел намалување на бројот на кражби и разбојништва во Кочани.

Жителите на населба „Трајаново трло“ ќе ги зголемат протестите доколку не им се зголеми безбедноста.

Лаура Стојанова М-Нет