,,Пакомак”, донира 12 контејнери за собирање и складирање на отпадно стакло за Берово

Фирмата ,,Пакомак”  донираше на Општина Берово 12 пластични контејнери од 1,5 м3, кои се наменети за собирање и складирање на отпадно стакло.  

Контејнерите се поставени на фреквентни локации на јавно- прометни површини и истите ќе придонесат во засилување на системот за собирање на отпад, кој може да биде реупотребен и рециклиран.

Од локалната власт се апелира, до сите граѓани на општина Берово, да ги користат контејнерите, исклучиво за селекција на отпадно стакло (амбалажа од шишиња и тегли) и одгворно да се однесуваат со поставените контејнери.

Ова е почеток на селектирање на комуналниот отпад во општината, при што во иднина треба да направиме селекција и на преостанатиот отпад, зошто само така ќе придонесеме кон чиста и здрава животна средина, за сите нас.