Неделно рандеву со Алпинистите на „Астрајон“ – Штип (со галерија на слики)

Алпинизмот како дел од планинарските вештини се посилно и се повеќе зема замав кај младата популација во Штип. Алпинистичкиот клуб „Астрајон“ од Штип битисува повеќе од 12 години при што има постигнато значителни резултати и успеси. „Олфа и Омега на клубот е Бобан Стојанов – Претседател, алпинист, инструктор и водич на повеќето планинарски секции кој не знае за одмор, ниту знае за доста. Едноставно би рекле дека деноноќно другарува со природата, планинските висови, гребени, постојано се натпреварува во искачувањето на познатите планински врвови кои се еден вид награда во меѓусебната испреплетена трка со времето и невремето со ќудта на планината и со нејзините видливи благодети, но и невидливите секогаш опасни препреки кои знаат непријатно да изненадат. А еве го нивниот, ние би рекле скромен учиног за алпинистите голем исчекор запишан во книгата на успешните и привилегуваните кои успеале да го достигнат својот зенит преку размислувањето на Бобан Стојанов :

„ Алпинизмот можеби кај нас не бил толку популарен во минатото, но во последните години бележи големи успеси. Алпинизмот е спортска дејност која што се одвива на стрмни и високи карпи и претставува дел од поширокото семејство на планинарски спортови. Алпинистичките активности најчесто се состојат од искачување на ‘‘необработени‘‘ карпи каде што нема поставено комплетно осигурување или обележување, и каде што во голема мерка е задржан природниот изглед на карпата. Алпинистичкиот клуб Астрајон – Штип постои веќе 12 години. Поважни активности на клубот се: Алпи 2007-La Vallée Blanche, Aiguille du Midi (3842m.)-Chamonix,Mont Maudit (4465 m.), Mont Blanc (4810m.)-Франција; Paklenica-Хрватска Алпи 2008-Arco-Италија;La Vallée Blanche,Mont Blanc du Tacul (4,248 m)-Chamonix, Mont Blanc (4810m)-Франција Алпи 2010-Piz Badile(3308m.)-Швајцарија-Италија; La Vallée Blanche-Chamonix-Франција Алпи 2014-Mont Blanc (4810m)-Франција Хималаи-Пик Ленин 2015-Lenin Peak (7134m.)Таџикистан-Киргистан Алпи 2015-Grossglockner (3798m.)-Австрија Алпи 2016-Matterhorn(4478m.)-Италија Алпи 2017-Grandes Jorasses(4208m.)-Италија,врвот не е искачен, достигната е височина од околу (4000m.) Алпи 2018-Grossglockner(3798m.)-Австријаи Triglav(2864m.)-Словенија Првенствени насоки и искачувања во Македонија се на: Плоча-Штип, Солунска Глава-Нежилови карпи, Раткова Скала-Злетово, Демир Капија, Матка-Скопје, Галчин-Тиквешко езеро, Козјак-Прилеп, Остра карпа-Прилеп, Камена баба-Прилеп, Галичица-Охрид, Пешти-Велес и др.

Наши тренинг центри се: Локалитетите-Воени карпи и Чепровка во близината на Штип, локалитетот Плоча на 20км. од Штип и болдер вежбалната на спортско-качувачкиот клуб „Астибо”.

  • Ова се зборовите на Бобан Стојанов на кого спортската редакција на Мнет ТВ му благодари за досегашните успешни активновмост со надеж и желба заеднички да присуствуваме на некои од понатамошните идни подвизи.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk