
Сабота е ден кој црквата го определила за задушница односно за спомен на починатите. Граѓаните денеска ја посетија и гробиштата во Штип, без масовни собири и со почитување на мерките за заштита од Ковид 19. Самиот збор задушница значи „за душата“ што подразбира принесување на „жртви“ и молитви. Под „жртви“ се подразбира вино, свеќи, пченица и лепче односно бескрвни жртви.
Оваа задушница секогаш се паѓа во сабота пред христијанскиот празник Прочка и пред започнувањето на велигденските пости.
Црквата пропишала посебни денови за задушница односно сабота и тоа четири пати во годината. Според верувањата на Задушница не се работи, чисти и пере, не с работи ништо со волна а не треба да се користат ниту ножици и игли. Исто така се верува дека доколку на задушница не се запали свеќа на покојниот тој година дена ќе биде во мрак. На денешната Задушница гробиштата во Штип беа полни. Имаше доста граѓани кои ги посетија вечните почивалишта на нивните најблиски, но со почитување на мерките и препораките од Комисијата за заразни болести.
Лаура Стојанова М-Нет