
По барањето на Министерството за правда до Бугарските ограни, Бугарските власти дозволија итна екстрадиција на штипјанецот Игор Спасов, обвинет за убиството на Мартин Нешкоски.
По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, на 26.02.2021 Градскиот суд во Софија, донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата“, соопшти Министерството.
Барањето за итна екстрадиција на Спасов беше испратено на 10 февруари годинава. Спасов беше приведен во Софија во населбата „Младост“ на 1ви февруари годинава откако бил пријавен за семејно насилство. Неизвесно беше дали по пронаоѓањето Спасов ќе биде екстрадиран во државата или не.
Спасов инаку издржуваше казна затвор од 2011 година, а потоа истата му беше ставена во прекин во 2018 заради здравствени проблеми. Спасов по тоа не се јави веќе во затворот, се бараше на територијата на државата но откако н беше пронајден кон крајот на октомври 2019 МВР за него распиша меѓународна потерница.
Спасов ја има издржано половина од затворската казна.
Лаура Стојанова М-Нет