Јога- за подобро ментално и физичко здравје

Јогата е збир на сите активности на умот, говорот и телото. Физичка и психичка дисциплина која потекнува од Индија стара е повеќе од 5000 год. Целите на јогата се различни и се движат кон подобрување на здравјето. Големи бенифити кои можат да го променат животот на секој оној кој се занимава со јога. Бидејќи, со вежбањето се постигнува душевен мир и релаксација. Еден час јога се состои од неколку елементи, раздвижување на сите зглобови на телото. Изјавува, Катерина Сековска Анѓеловиќ сертифициран инструктор по јога и медитација.

„Почнуваме најпрво со загревање на самото тело раздвижување на зглобовите на рацете. Потоа, започнуваме со предвидените положби од јогата. Осто така, јогата претставува голема придобивка за нашето здравје и тело“. Изјавува, Сековска Анѓеловиќ

Медитацијата е дел од самата јога која постигнува смиреност. Техниките за движење воведуваат во процес на медитација. А, со самото тоа воведува во една хармонична состојба.

„Делува на целокупното наше битие. Носи позитивна енергија и го променува нашиот живот во подобра смисла. Постојат голем број на техники кои треба да се совладаат. А со самите тие подоцна носат смиреност и релаксација на телото“. Изјавува, Сековска Анѓеловиќ

Заинтересираност освен за возрасните постои и од страната на  најмалите и најмилите. За нив претставува вистинско уживање возрасната група започнува од 5 до 12 години.

„Навистина си поминуваат одлично за време на часовите, поминуваме одлично време. Ним сето тоа и е во вид на забава каде одлично се забавуваат. Јогата е одлична за нашето здравје и благосостојба. Среќна сум што можам да им ја пренесам на идните генерации“. Изјавува, Сековска Анѓеловиќ

НадицаСтојковска/ М Нет

Дарко Лазев/ М Нет