
Штипските сини лидери на истокот денес ја одиграа „генералката“ против лидерот на западната второлигашка група,екипата на Скопје. И покрај сите напори за постигнување на гол мрежите на голманите останаа негибнати. Ова беше убава можност пред стартот на пролетниот дел да се видат квалитетите на сите играчи, на оние стартните и секако на резервистите. Натпреварот заврши нерешено и без голови 0:0, а се играше на теренот со вештачка трева во Бело Брдо. Колку за потсетување пролетната полуетапа во вторите фудбалски лиги ќе започне во сабота на 27 февруари а во првото коло во Штип на „градски“ со директен ТВ пренос на нашата Мнет телевизија ќе се сретнат екипите на Брегалница и на Победа од Прилеп.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk