Комбинирано во сабота и во недела ќе се одиграат 1/8 финалните Футсал куп – натпревари на Македонија

Денес сабота и утре недела ќе се одиграат осмина – финалните натпревари од македоинскиот куп во Футсал. Штипските екипи ќе одиграат и тоа Мал Ајакс во Штип ќе се сретне со Црна Река од Кавадарци, а тимот на Астибо ќе гостува во Струга на екипата на Велешта. Еве ги комплетните парови за ова осмина финале:

Сабота 6 февруари 2021 г.

  1. Железарец – Шкупи
  2. Арбен Бајрами – Проект Цико
  3. Кеги Моби – Овче Поле
  4. Мал Ајакс – Црна Река
  5. Кратово – Велес

Недела 7 февруари 2021 г.

6. Клими ( Кавадарци) – Карадаку

7. Велешта – Астибо

8. Јувентус Серава – Шкендија

Според најавите ќе се игра само на еден натпревар и победниците продолжуваат понатаму во четврт финале. Што се однесува до пролетниот првенствен дел, тој ќе започне веќе следната недела, односно првото коло ќе се одигра комбинирано на 13 и 14 февруари.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk