
По објавениот конкурс за вработување од страна на Агенцијата за администрација за нови 6 лица на различни позиции во Општина Штип, голема прашина се крена околу вработувањето на Советник за возен парк и соодветните квалификации кои треба да ги поседува истиот. Впрочем покрај општите услови да биде државјанин на Македонија, полнолетен граѓанин, активно да го користи македонскиот јазик, потребно е да исполнува и неколку посебни услови односно да има Рударски факултет и најмалку 3 години работно искуство на струката. Од овде излегоа и обвинувањата од страна на опозицијата, како и шпекулациите од страна на граѓаните дека се знае точно кој ќе биде вработен на ова работно место и квалификациите се прават токму според неговите карактеристики. На ова прашање одговор даде и градоначалникот на Општина Штип, д-р. Николов.
„Општина Штип се води по систематизација која што е од 2015 година. Токму во 2015 година е донесена систематизација за вработување на вработен во општи дејности каде што се бара Рударски факултет. Ние по таа систематизација и да сакаме да вработиме, систематизацијата и правилникот кој е донесен 2015 година налага стручната спрема да е со Рударски факултет“ – истакна Николов.
Овие места за кој е распишан сегашниот конкурс се празни пет години, и се држат така бидејќи позицијата сака да се смени таа систематизација, но процесот трае и мора стручно да биде среден. Николов со апел да се проверуваат информациите пред да биде изнесени во јавноста. Она што се кажува, соопштува и она што се пренесува да биде добро проверено, апелира Николов.
Лаура Стојанова М-Нет