
95 таблети како донација од Министерството за образование и наука добија учениците од Основното училиште Гоце Делчев Штип, со цел непречено одвивање на онлајн наставата. Учениците од прво до трето одделение кои посетуваат настава со физичко присуство се безбедни бидејќи се почитуваат мерките и протоколите за заштита од Ковид 19.
„Оваа донација е обезбедена од акционерското друштво „Макпетрол“ и е околу 600 илјади евра и сакаме како општина да изразиме голема благодарност“ – истакна градоначалникот Николов.
Основното училиште „Гоце Делчев“ Штип, по бројката на ранливи групи ученици е едно од најголемите во општината, ова е мултиетничко училиште и за одвивање на наставата непречено потребна е соодветна опрема.
„Што се однесува до соработката со општина можам да кажам дека јас сум во образование 35 години, меѓутоа овие последни години општина има огромне слух за помагање на овие образовни институции, што во инвестиции, што во нагледни средства“ – кажа директорот на ООУ„Гоце Делчев“ Штип, Димов.
Со средства од околу 2 милиони денари одвоени од страна на Општина Штип, основното училиште „Гоце Делчев“ Штип, пред некое време доби нови влезни врати и околу 30 лаптопи кои се ставени во употреба како за наставниот кадар така и за сите кои имаат потреба од нивно користење. Образованието е од големо значење, затоа општината ќе продолжи да инвестира во образовниот кадар и образовниот систем. Иднината е во младите, токму затоа истите мора да бидат поставени на добра основа и тоа се прави токму преку образованието.
Лаура Стојанова М-Нет