Продолжува мизерниот живот на штипјани кои во пожарот од пред неколку дена останаа без кров над глава

Продолжува мизерниот живот на граѓаните во Општина Штип, кои пред неколку дена во пожар кој избувна во центарот на Штип, ги загубија своите и така веќе стари и нефункционални домови. Оставени на милост и немилост на времето, живеат без кров над глава, во шатори кои самите си ги поставуваат, на ниски температури, во облека од она што едвај останало не изгорено или помошта која ја добиле од хуманите граѓани. Со малолетни деца, и бремени жени бараат помош од општината како и оние кои можат на било каков начин да им помогнат.

Овдешните жители со оправдување дека имаат документи со кои им се дозволува престојот овде, но истите изгореле во пожарот. А единствената можност која ја нуди градоначалникот на Општина Штип, е за граѓаните кои ги имаат документите и истите можат да ги приложат.

Опожарениот објект во центарот на Штип, е под ингеренција на Јавното претпријатие за стопанисување со станбени и деловни простори, но градоначалникот Николов од социјален аспект со ветување дека ќе се најде решение и за овие лица.