По 17 години конечно ЈП„Исар“ доби 6 нови возила за отпад

Јавното претпријатие „Исар“ во Општина Штип, по 17 години конечно доби 6 нови современи возила за собирање на отпад. Со ова ќе се обезбеди помала бучава од возилата, поголема безбедност и ефикасност во работата на ова јавно претпријатие, односно обнова на возниот парк.

По недела дена употреба на новите возила за собирање отпад во Општина Штип, се намалуваат сметките за гориво, се намалува и загадувањето на воздухот, како и крај на течењето на течност од возилата со што се создаваше непријатна миризба.

Целиот овој проект чинеше околу 230илјади евра. Дополнително се набавени 30 контејнери за селекција на стаклен отпад, 30 контејнери кои се распределени на разни локации низ Општина Штип за собирање на пластичен отпад. Со ова се очекува Штип да биде зелен град со чиста животна средина.