Празните брани го намалуваат ризикот од поплави

Летото што изминува беше доста топло и сушно врнежи од дожд речиси и да немаше така да пто поради производство на електрична енергија што за наводнување на земјоделски површини браните во истокот беа доведени на минимус со вода во нив, но тоа донегде е добро бидејќи неколку дневните врнежи од дожд и на Осоговието снег акумулациите Калиманци и Градче можат да ја приберат водата што надоаѓа и ризикот за создавање на поплави е намален а како најризични делови беа рамните полиња во кочанската котлина.

Состојбата е под контрола Калиманци е на доток околу 30 кубика моментално 30 до 35 а 40 милиони има акумулирано така да до 120 милиони нема никаков проблем. Градче е на прелив 2,5 метри кубни во секунда. Дени Митров дир. „Водостопанство Брегалница“ Кочани

Единствено излевање на река од своето речно корито се има случено на Оризарска пресекот бил меѓу селата Оризари и Грдовци каде се работи со две машини има поплавено мала земјоделска површина и веќе е решен проблемот рече директорот на водостопанство.

Оризарска река е скината помеѓу Оризари и Грдовци моментално сме со две машини на терен работиме и ситуацијата е под контрола освен поплавени се некои земјоделски површини ама нема нешто поголема опасност со две машини сме на терен и санираме ги сега за сега проблемите. Дени Митров дир. „Водостопанство Брегалница“ Кочани

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи врнежите ќе продолжат и во наредните денови но и постепено заладување како и опаѓање на температурите така да утринските ќе се спуштад под нулата а од авто мосто сојузот на Македонија со апел до возачите за поголемо внимание на патните правци кои минуваат низ клисури поради опасност од честите одрони.