Штипјанец продавал лек за кожни болести што бил штетен по здравјето на луѓето

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.К.(48) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“. На 06.11.2020, пријавениот на Т.М.(45) и М.А.(36) од Штип им продал средство за лекување на кожни болести, кое било штетно по нивното здравје.