Одбојкарките на Македонија У – 19 на подготовки во Берово, меѓу нив се и 3 штипјанки

Од вчера на подготовки во Берово се наоѓа репрезентацијата на Македонија во Одбојка У – 19 а под раководство на селекторот Ненад Михајловиќ. Во Берово подготовките ќе се одвиваат две недели и се во планот и програмата за Европското првенство 2022 година. На собирот во Берово вкупно се наоѓаат 23 одбојкарки на кои ќе им се приклучат уште три кои моментално закрепнуваат од повреди. Меѓу нив се наоѓаат и три штипјанки кои со своите игри во УГД Студент го привлекоа вниманието на селекторот а тоа се : Мила Вакувска, Јасна Смилков и Мила Долдурова.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk