Оваа сабота се одиграа натпреварите од 16 тото коло воедно и последно за оваа есенска сезона од втората македонска фудбалска лига исток со можност за популаризација и следење натпревари од дома на тв екраните од втора лига исток беше овозможено преку преносите во живо кои што ги реализира нашата телевизија во соработка со фудбалската федерација на македонија а денешниот пренос беше од виничкиот градски стадион, натпревар помеѓу слога од Виница со штипска брегалница. Додека во Македонска Каменица гостуваше Кожуф од Гевгелија.
Во глобала со се што се случуваше оваа полусезона сакаме што побрзо да ја заборавиме не толку резултатски кога ќе го завршиме на трето место имавме неколку проблеми многу повредени играчи низ текот на сезоната скоро ниту една од утекамиците да бидеме комплет со сите играчи со пандемијата неколку играчи беа во изолација и на крај разболени од вирусот и сега да ви кажам искрено што побрзо се заврши да не се повтори ова уште еднаш во смисла на здраствено да ја заборавиме што побрзо и се надеваме ова нешто со ова пандемијата и сите ќе може повеќе да мислиме на другата работа на фудбалот одколку во делот од здраствен аспект. Ние уште на почетокот на сезоната имавме зацртано да бидеме меѓу првите три екипи во горниот дел на табелата со оглед на квалитетот на екипата и тука ни е местото задоволни сме пак ќе кажам ниту една од утакмиците не бевме вво комплетен состав без разлика на тоа што се случуваше го реализиравме зацртаното од пред сезоната. Ние сме клуб во кој речиси сите играчи се од Гевгелија со исклучок на еден или два играча кои се од други градови, че нема големи промени за наредната сезона можеби ќе вклучиме некои од младите играчи да промовираме во првиот тим. Васе Беќаров – тренер на Кожуф
Како домаќини и подршка од домашните навивачи кои што беа во помал број и почитување на протоколите но со страствено навивање фудбалерите на Кожув и Каменица саса отидоа на заслужена пауза по интензивното прво полувреме со резултат 1:1.
Очекувам победа за тоа што со самите три бода ќе го зацврстиме нашето место на табелата тоа беше и наша цел од почетокот на сезоната. Започнавме малку покасно на некој начин искрено не сум 100 % задоволен а од друга страна мораме да бидеме задоволни поради самите пехови кои ги имавме, имаме исто така и неколку провредени играчи кои што недостасуваа во текот на целото првенство во глобала сме задоволни. Имаме некои размислувања ама сепак нека заврши натпреварот да си сумраме резултатите најверојатно ќе мора да се засилиме со некои нови три фудбалери но најбитно че биде да го задржиме постоечкиот кадар затоа што екипата е уиграна играчите се сплотени така да мислам дека сме на прав пат. Горан Здравков – тренер на Каменица Саса
Поосле завршувањето на денешниве натпревари од 16 то коло фудбалерите на клубовите од истокот се на пауза до почетокот на подготовките за пролетната сезона која што се планира да започне од при крајот на месец февруари.