Под мотото „Стоп за државната матура“ протестираа средношколците во Општина Штип

Со едночасовен протест пред Општината во Штип, и на плоштадот, средношколците со единствена цел да не се полага државна матура, или како што велат тие барем да им се намали бројот на предмети кои треба да се полагаат. Со денешниот протест се бојкотираше наставата, како онлајн предавањата така и физичкото присуство на пракса и вежби. И покрај тоа што ќе добијат неоправдани за непојавувањето на часови, важно им е да се слушне и нивниот глас и да се прифатат нивните барања. Протестот започна во 15:30 часот и истиот ќе трае до 16:30. Воглавно истиот се карактеризира како мирен протест, претходно најавен, со излезеност на средношколците и барање на прифаќање на нивните права. Денеска протестираа 5 градови во државата меѓу кои и Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет