
Од СВР-Штип информираат дека до утринава, 20 март, во самоизолација се 345 граѓани кои допатувале од странство во своите родни места во целиот источен регион. Во однос на вчерашната состојба,денешниот број на лица во самоизолација е за 100 поголем, а се зголемува и бројот на лица кои со решение се под посебен надзор. Во Штип бројката на лица во изолација и со посебен надзор се искачи на 15.