Ефтимов: За високите функционери има работни места, додека за обичните граѓани нема ниту боци за кислород

ОК на ВМРО ДПМНЕ, Штип, излезе на прес со обвинение до надлежните, дека без разлика дали има или нема избори, за високите функционери на власта има работни места, без разлика на тоа што за обичните граѓани нема дури ни боци за кислород. Причина за таквото обвинение е вработувањето на претседателката на советот на општина Штип, како раководителка на Централниот регистар.
„Болната желба за властодршците за функии, позиции и работни места во јавниот сектор, не престанува! Пример за такво однесување и непотизам во редовите на СДСМ е кај најново избраната претседателка на Советот на општина Штип. Непотизамот во таа фамилија е до тој степен да таа од функција на претседателка во Совет на општина Штип си го вработи сопругот во јавно претпријатие основано токму од таа општина…“ – беше дел од изјавата на Ефтимов.
Останува неизвесен одговорот на државната комисија за спречување на корупција, во време кога граѓаните остануваат без работа, а компаниите ставаат клуч на врата заради пандемијата, соопштија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Лаура Стојанова М-Нет