
Досега корона вирусот го разгледувавме од медицински аспект. Живееме со она што ни беше сервирано, и се боревме со неа на начин кој ни беше единствен понуден. Секој има право на свое мислење. Во разговор за нашата телевизија со Владо Павлов, истражувач, исцелител, разговаравме токму на темата со невидливиот непријател и неговото сфаќање, многу поразлично од она што досега секојдневно го слушаме. Според Павлов, пандемијата која сега го зафати целиот свет тој ја има најавено уште пред три години , заедно со карантинот, само не под името корона. Исто така, има подготвено Павлова комора во која би се лечеле лицата од корона вирусот. Темата со корона пандемијата е секојдневие на целиот свет, бидејќи е непријател со кој и да не сакаме мораме да се бориме. Целиот разговор за оваа но, и многу други интересни теми можете да ги погледнете во емисијата „Интерактив“.
Лаура Стојанова М-Нет