Есенското дерби Брегалница – Тиквеш директно на Мнет ТВ а Стојанче Стојанов главна „свирка“ во Пехчево

Утре,сабота е денот „ Д “за да Брегалница конечно се одлепи од „вечниот“придружник на табелата Тиквеш од Кавадарци и да ја искаже сета своја амбиција за Првата Македонска фудбалска лига. Раководството на Брегалница подготвува нов стадион во пресрет на јубилејот 1921 – 2021 или 100 години од формирањето на клубот со празнично славје со своите навивачи – односно враќање во Првата лига. Веќе се одредени и официјалните лица за утрешните натпревари, главен судија во Штип ќе биде Јован Качевски од Струга, прв помошник Даниел Василевски, втор помошник Дарко Видиниќ и четврти судија ќе биде Дејан Младеновски сите од Скопје. За Контролор е делегиран Благој Шуклев од Стојаково а Делегат ќе биде Тони Николовски од Скопје. Дерби натпреварот Брегалница – Тиквеш сите љубители на фудбалот ќе можат да го проследат директно на програмата на Мнет ТВ со почеток во 13.00ч.

Мошне интересно ќе биде и во Пехчево каде што тимот на Кит Го ја пречекува екипата на Каменица Саса предводена од штипјанецот, некогашниот капитен на Брегалница Горан Здравков. Главна „свирка“на овој локален дерби натпревар е еден од најперспективните македонски судии, штипјанецот Стојанче Стојанов кој има судено и поголеми дерби натпревари, ама и ова е голема чест и признание за него.Еве ги комплетните парови за ова 14 коло:

  1. Кит Го Пехчево – Каменица Саса
  2. Росоман – Плачковица
  3. Победа – Кожув
  4. Слога – Осогово
  5. Брегалница – Тиквеш
  6. Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 28 ноември 2020 г. со почеток во 13.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk