
Престојниот викенд продолжуваат одбојкарските возбудувања во машката и женската Супер лига на Македонија. Според информациите од членот на раководството на УГД Студент, Методи Папаров штипските девојки во сабота ќе госуваат на екипата на Вардар која според информациите е апсолутен фаворит на овој меч, но нема да има однапред предавање.

Машката екипа на Штип УГД ќе гостува во Велес на благиот фаворит Борец, но можен е секаков резултат. Интересно одбојкарскиот натпревар Борец – Штип УГД ќе се одигра во понеделник со почеток во 17.30 со директен пренос на МТВ 3.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk