
Некогашниот тренер на ФК „Брегалница“ од Штип,бугарскиот стручњак Никола Спасов почина на 61 годишна возраст како последица од ковид – 19. Не успеа фудбалскиот стручњак да ја издржи оваа борба со која цели 3 недели водеше „борба„ заедно со лекарскиот тим. Никола Спасов беше тренер на штипска Брегалница под водство на бугарскиот спонзор Јордан Андреев – Данчо а ќе остане во спомен турнејата и престојот на Брегалница во Солун 2011 година кога во чест на 90 годишниот јубилеј одигра пријателски натпревар со тимот на Ираклис. Најголем успех во кариерата како тренер на Никола Спасов беше освојувањето на бугарскиот куп во 2015 г. како тренер на Черно море, победа над Левски од 2:1 како и освојувањето на Супер купот со победа над Лудогорец од 1:0. Смртта го затекна на местото тренер на прволигашката екипа на Монтана.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk