
СВР Штип на 14.11.2020 во времето од 16.00 до 22.00 часот спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола кај 11 било утврдено присуство на алкохол. Притоа, сите 11 возачи биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и издадени им биле записници за констатиран прекршок. Санкционирани се и 54 останати прекршоци.