
На 10.11.2020 во 12.34 часот во СВР Штип, било пријавено дека околу 12.30 часот во просториите на Агенцијата за вработување во Штип дошло до нарушување на јавниот ред и мир, со физичка пресметка помеѓу С.Н.(63) од с.Долни Балван и Ф.Ј.(29) од Штип. По комплетирање на случајот против С.Н. и Ф.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.