ДПС „Лисец“ од Штип вечерва ќе организира онлајн трибина со светски познатиот алпинист Andrew Lock

Љубителите на алпинизмот вечерва ќе имаат ретка можност преку онлајн презентација да се запознаат и со евентуални прашања да дознаат нешто повеќе за светски познатиот алпинист Andrew Lock. Aвстралиецот Andrew Lock пред неколку години беше во Штип каде што во организација на ДПС Лисец а во друштво со неговиот голем пријател Трајче Алексов, извршија промоција за неговите алпинистички подвизи. Аndrew Lock e еден од ретките во светот кој ги има искачено сите 14 Хималајски врвови кои се високи над 8000 м. а самиот Монт Еверест го има на двапати искачено. За вечерашнава онлајн презентација за да се учествува потребно е да се инсталира апликацијата ZOOM на вашиот мобилен или компјутер да се вклучи на линк кој ќе биде објавен на ФБ фан страницата на ДПС Лисец точно во 20.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk