Официјално во трката за градоначалник на Штип влегуваат само пет кандидати

Помина рокот за пријавување на предлог кандидати за градоначаници за Општина Штип. Имено, до саботата на полноќ, со свој кандидат до Општинската изборна комисија излегоа пет политички партии, кои ќе учестувуваат на престојните локанли избори во Штип. Во трката за градоначалничка фотелја влегуваат, кардиологот д-р. Сашко Николов од редовите на СДСМ, независниот кандидат Трајче Митев, од партијата ТМРО Лазар Наумов, од  коалиција „Иднина во наши раце“ Гоце Ангелов, и од Интегра Симон Поликарп.

Сега наша задача е во рок од 24 часа според изборниот закон да видиме кои кандидатури се според законот доколку има мали технички недостатоци ги враќаме на дополнување и потоа даваме решение за потврда. Сенка Андреева претседател на ОИК – Штип

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ и од партијата на Левица, нема предлог кандидат за градоначаник за градот под Исарот, бидејќи и двете партии се откажаа од учеството на предвремените локални избори. За нов татко на градот со мандат од 10 месеци, Штипјани ќе гласаат на 13 Декември, односно 27 декември доколку има потреба од втор круг. Изборната кампања неофицијално започнува на 23 Ноември.