Студен туш во Св.Николе, Малеш го „потопи“ Работник,Чешиново конечно запрен

Мошне интересно, возбудливо, атрактивно и зачинето со многу голови беше денешното 5 третолигашко коло на добриот стар Исток. На 6 натпревари беа постигнати 24 голови или по 4 голови по натпревар што го прави првенството исклучително занимливо и интересно. Најжестоко беше во Берово каде што Малеш го потопи Работник од Лозово со 8:0 а голгетерот Андреј Симевски постигна нови 2 гола. Неочекувано студен туш се случи во Св. Николе каде што забревтаниот Детонит од Радовиш го совлада домашниот Овче Поле со 0:1. Атрактивно беше и во Делчево каде што Брегалница го победи незгодниот тим на Хоризонт со резултат 3:2. Тимот на Чешиново полека го губи победничкиот дух и во Градско Балдовци освои само бод со тимот на Спартмани со што дозволи Малеш ептен бодовно да се доближи до нив.

Еве ги комплетните резултати од ова 5 коло:

  1. Раклиш – Василево 3:2
  2. Спартмани – Чешиново 1:1
  3. Малеш – Работник Л 8:0
  4. Карбинци – Тиверија 1:2
  5. Овче Поле – Детонит 0:1
  6. Брегалница Д – Хоризонт Т 3:2

ТАБЕЛА

  1. Чешиново 13
  2. Малеш 12
  3. Детонит 12
  4. Спартмани 10
  5. Брегалница Д 10
  6. Хоризонт Т 9
  7. Тиверија 6
  8. Овче Поле 6
  9. Раклиш 4
  10. Работник Л 4
  11. Карбинци 1
  12. Василево 0

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk