
На 06.11.2020 во 20.57 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот установа Затвор-Штип било пријавено дека околу 20.40 часот, при контрола во кругот за шетање во затвореното одделение, вработени во затворот пронашле кафеава прашкаста материја. Од страна на полициски службеници од СВР Штип прашкастата материја била одземена и доставена за вештачење. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.