Од вторник на „градски“ во Штип, Брегалница со нов Шеф на Стручниот штаб

По меѓусебниот раскин на договорот помеѓу ФК Брегалница и Шефот на Стручниот штаб Добринко Ииевски, тимот на штипјани денес го предводеше досегашниот помошник Александар Танчески. Неговото „деби“ беше мошне успешно, Брегалница го победи тимот на Каменица Саса со резултат 3:0 и барем ноќеска ќе преспие на челната позиција во ВМФЛ – Исток. А дали ќе опстои зависи од утрешниот натпревар Тиквеш – Плачковица и во случај на победа на домакинот, повторно ќе се во тандем на челната позиција со ист број на бодови 26 ,во ќе решава гол разликата. Брегалница е во потрага по нов Шеф на стручниот штаб и неофицијално од македонски фудбалски извори нашата редакција дознава дека барем засега од неколкуте кандидати најголема предност се дава на Битолчанецот Марјан Секуловски кој од позначајните резултати ги бележи дуплите круни, Шамион и освојувач на Купот во Мјанмар некогашна Бурма. Неговото име веќе два дена се „врти“ низ фудбалските кулоари во Штип и Македонија а дали Марјан Секуловски ќе биде новиот Шеф на Стручниот штаб ва Брегалница со сигурност ќе дознаеме во вторник 10 ноември.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk