
Во главниот град на Црна Гора, Подгорица во тек се натпреварите од Европското Првенство во Одбојка за жени У – 17 на кое настапуваат 11 репрезентации.

Како единствен македонски судија на овој шампионат фигурира името на интернационалниот судија Никола Мицевски од Штип.

Досега Мицевски има отсудено 4 натпревари а денес е делегиран и ќе го суди петтиот натпревар помеѓу селекциите на Италија – Бугарија. Утре, среда ќе биде слободен ден а во четврток според програмата ќе се одиграат полуфиналните средби, додека финалето е закажано да се одигра во петок 9 октомври. Како најголеми фаворити и претенденти за највисок пласман фигурираат репрезентациите на Италија, Србија, Турција и Русија a кој ќе биде најдобар ќе дознаеме во вечерните часови во петок.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk