Штипјанец фатен на дело и уапсен при вршење кражба

На 05.10.2020 во 14.28 часот полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Т.З.(42) затоа што го затекнале при вршење на кривично дело „кражба“ . По целосно документирање на случајот против  него ќе биде поднесен соодветен поднесок.