
На 29.09.2020 во 14.30 часот во Полициската станица Штип, 37 годишен маж од штипско село пријавил дека во текот на месец март, А.М.(21) извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се работи на целосно документирање и расчистување на случајот, по што против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.