
Во ведра и пријатна другарска атмосфера се одвиваше крапската дружба „Боила куп Гратче 2020 на истоименото езеро. Осум македонски екипи со по тројца натпреварувачи три дена во изминатиот викенд се натпреваруваа на езерото Гратче во променливи временски услови. Првиот ден мина во идеални сончеви временски услови со мирно езеро и вреден улов на риби.

Веќе вториот ден временските услови беа страшни, со силен ветер, пороен дожд, грмотевици, со еден збор исклучително тешки услови за ловење на риби. Третиот ден повторно сончева насмевка на небото, мирно езеро со исклучитлно одлична работа на рибата како за финиш на дружбата.

На пладне во недела веќе се прогласија и најдобрите екипи кои добија пригодни награди: – првото место го освои„З З Карп тим“ од Кочани ,

второто место им припадна на „Рибар 2011“ од Скопје е трети беа „Томче спорт“ од Кочани.

Најголемата и најтешка риба ја уловија од тимот „Урбан Карп тим“ од Скопје, односно крап со тежина од 5 120 кг. за што добија и соодветна награда.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk