
Мошне масовно со вкупно 182 учесници од 19 македонски клубови беше на пливачкиот митинг „Делфин Спринт – 2020“ што се одржа на олимпискиот базен во Скопје.

Ова беше трето по ред издание на оваа пливачка манифестација на која штипскиот ПСК „Челични“ се престави со шест свои претставници. Спортскиот педагог и тренер Мирко Јакимовски не го криеше задоволството од настапот на своите членови кои одлично се претставија а притоа се закитија и со еден сребрен медал.

Имено пливачката од Штип Ивона Наумова на трката од 100 м. во дисциплината Слободно го освои второто место и се закити со сребрен медал.


Успешни во своите настапи беа и преостанатите штипски надежи, Методи Георгиев, Ренато Ристов, Марко Јакимовски и Раде Ристов кои остварија пласман од 4 – 8 место на трките од 50 и 100 м. во дисциплините Слободно и Делфин.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk