Пожар во куќа во Штип

На 25.09.2020 во 03.40 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 03.00 часот настанал пожар во куќа сопственост на О.Џ.(36) од Штип. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Штип. Во пожарот повредени лица нема, причинета е материјална штета. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.