Пчелните кошници годинава некому му останаа полупразни некому сосема празни

Како причина производителите на мед ги посочуваат, сушната година и  ветровите кој дуваа во текот на целата година, како и се поголемото загадување на воздухот.

Пчелните ливади постануваат се посушни, а со тоа и се помалку посетени од вредните пчели, кои упорно бараат цвет. Поради големата загаденост на воздухот, пчелите ги одминуваат сиромашните ливади и во кошниците доаѓаат, празни вели Никола Макаренко, долгогодишен одгледувач на пчели. Заедно со неговиот брат имаат 70 кошници. Годинава од нив собраа околу 140 килограми мед. Пчелите ги одгледуваат во село Ажамжалци кое се наоѓа помеѓу градовите Неготино и Велес.

Веќе неколку години, пчелите ги потхранува со медови пити бидејќи медовината им е многу слаба. Медот го продаваат приватно. Сега со одлуката на Владата, малите производители да можат своите производи веќе слободно да им ги  понудат и на маркетите продажбата ќе оди полесно додава Макаренко, само пчелите нека носат мед.

Некои од пчеларите годинава ја немаа ниту таа среќа. Пчелните кошници им останаа сосема празни. Тетка Трена пчелни семејства има во село Шопур. Село кое се наоѓа покрај патот на делницата Штип -Радовиш, село каде годинава  ниту една кошница не даде мед. Тоа е можеби поради тоа што ние пчелите не ги потхрануваме, годината беше сушна, а и ветерот што дуваше постојно доведе пчеларите од овој регион да останеме без мед.

Од наредната година и ние ќе мораме да вршиме потхранување на пчелните семејства-заврши Трена.

Чист мед во Државава веќе речиси и да не постои. За да опстанат медо – производителите мораат да ги потхрануваат пчелните семејства. Тоа им прави дополнителни трошоци а кај купувачите ствара сомнеж за чистотата на купениот мед.

Монтажа: Дарко Лазев