
Зелката најбарана последниот петок на штипскиот пазар. Граѓаните велат дека цените на земјоделските производи се реални, добри и речиси исти како минатиот петок и се задоволни од понудата и квалитетот на производите. Квалитетот на производите е на високо ниво, па купувачите во големи колични освен зелка купуваа брокула, карфиол, мандарина, јапонско јаболко и компири.граѓаните велат дека се задоволни од понудата и квалитетот на производите.
Производителите велат дека штипјани купуваат во големи количини од се по нешто, најбарана е зелката, а производ со намалена цена е брокулата.
Дождливото време не ги спречи штипјани да излезат на пазар и да ги набават свежите производи за домашната трпеза.
Ева Тушевска, М-Нет